БЕСПЛАТНА достава за нарачки над 2.100 МКД.
Нарачки 1.100-2.100 МКД – трошок за достава 90 МКД
Нарачки помали од 1.100 МКД – трошок за достава 120 МКД
Трошоците за достава се вклучуваат во вкупниот износ на нарачката и ќе бидат наплатени заедно со производите кои сте ги порачале. При достава на производот не треба да се плати ништо дополнително на доставувачот.
Скопје: Доставата се врши во наредните 1-2 работни дена од денот на креирање на порачката.
Останати градови: Доставата се врши во наредните 2-3 работни дена од денот на креирање на порачката.
Достава се врши секој работен ден од понеделник до петок 09-16 часот (освен во празници и неработни денови) до вашиот дом или на вашето работно место, изборот е ваш. Доставата се врши до пред самиот станбен/деловен објект.
Горенаведните денови на достава важат при нормални услови, отстапки може да има во случај на:
- Екстремно лоши временски услови и непристапност
- Состојба на елементарна непогода
- Протести,блокади, штрајкови
- Епидемии, пандемии и сл.
- Друга официјална криза на локално или државно ниво
За проценка на нормалноста на условите одлучува МОЕКАФЕ.
Производите ќе бидат испорачани преку вработени во МОЕ КАФЕ или преку некој од нашите партнери за достава со кој соработуваме. Пред самата достава ќе бидете телефонски контактирани од доставувачот, на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Доколку при испорака на пратката доставувачот не ве најде на наведената адреса истата се враќа до МОЕКАФЕ во рок од една недела. По враќање на производот парите ќе бидат вратени на вашата сметка намалени за направениот трошок за достава.
Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања при транспорт и/или доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува и веднаш да ја рекламира на доставувачот. Во спротивно МОЕКАФЕ не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата на производите и нивната достава.
СКОПЈЕ
Доставата се врши во наредните 1-2 работни дена од денот на креирање на порачката.
ОСТАНАТИ ГРАДОВИ
Освен во Скопје вршиме и достава на територијата на цела држава во долунаведените градови и населени места:
Берово, Битола, Богданци, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демиркапија, Демир Хисар, Дојран, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крaтово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Росоман, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип
Доставата се врши во наредните 2-3 работни дена од денот на креирање на порачката.