
Еспресо е пијалок на кој името доаѓа од процесот на подготовка од кој се создава пијалокот. Водата под висок притисок, близу точка на вриење поминува низ ситно мелени зрна кафе извлекувајќи го вкусот од нив и создавајќи одлично кафе за само 30тина секунди. Вака приготвеното кафе има ароматичен и прилично силен и цврст вкус заради високата концентрација на аромите на кафе. Ако ви се допаѓа силното кафе треба да се заблагодарите на Италијаните, бидејки тие го измислија. Нив им требало кафе кое ќе можат брзо да го приготват и послужат на клиентите во нивните угостителски објекти. Пред појавата на еспресото потребни биле и до 5 минути за подготовка на една шоља кафе. За одлично еспресо важна е финоста на сомелените зрна, нивната свежина, начин на печење и складирање.
Зборовите express, expres и espresso имаат неколку значења на Англиски, Француски и Италијански. Првото значење “express” е поврзано со извлекување, истиснување на вкусот на кафето со употреба на притисокот на пареата. Второто значење поврзано со “expres” брзо да се направи. Третото е поврзано со поимот “expressly” да се направи нешто изричито за некоја личност…
Денес благодарение на модените технологии имаме можност да пиеме одлично вкусно еспресо кафе и дома или во канцеларија.
Еве неколку интересни факти за еспресото:
- Еспресото потекнува од Италија пред повеќе од 100 години
- Машините за еспресо користат притисок од 15 атмосфери за да го извлечат најдоброто од кафето. Традиционалните пијалаци од кафе ја користат само “здодевната” гравитација.
- За една доза еспресо се потребни околу 50 внимателно одбрани зрна кафе, а само едно лошо зрно во мешавината може да го уништи вкусот.
- Подготвеното еспресо има 2,5% маснотии, додека филтрираното кафе содржи 0,6% маснотии. Во зрно кафе, околу 12% се масло.
- Еспресо често се користи како основа за многу специјалитети од кафе.
- Кремата е кремаста кафеава, воздушна течност која се извлекува со еспресото и стои на врвот на пијалокот како фин слој. Во свежо направеното еспресо, кремата ќе трае уште 3-5 минути пред да се распрсне.
- Од 2015 година, астронаутите на Меѓународната вселенска станица можат да пијат еспресо на вселенскиот брод.
2020
- 0